×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се сечат дрвја и се расчистува теренот за доизградба на дел од „Октомвриска револуција“

    05.06.2025 10:33 | KumanovoNews

    Во тек е акција на сечење на тополи и други видови на дрвја и расчистување на теренот за изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“. 

    Се сечат дрвја и се расчистува теренот за доизградба на дел од „Октомвриска револуција“

    Од Општина Куманово велат дека се извадени сите потребни одобренија и дозволи за градба, а тендерот го добила фирмата „КООП инжинеринг“ од Куманово.

    „Се работи на подготовка на терен за реализација на инфраструктурен проект кој е предвиден во Деталниот урбанистички план (ДУП), а тоа е продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ од раскрсницата кај бензинската пумпа до улицата „Братство единство“. На дел од трасата се тополите кои мора да се отстранат. Сечењето на дрвјата го врши  ЈП „Чистота и зеленило“,по налог на Секторот за комунални дејности. По завршување на подготвителните активности ќе почне да се гради улицата“, велат од Општина Куманово. 

    Сечењето на десетина дрвја, пред се долгогодишни тополи, предизвика револт кај граѓаните кои сметаат дека се уништува и она малку зеленило во градот. Во недостаток на официјална информација од општинските служби, главната дилема беше дали активностите се на Општината или на приватните фирми кои ги купија објектите на „Житомел“.