×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се степаa боксерите Реџеповски и Салиевски - кандидати за советници од листата на Димитриевски и на СДСМ

    25.10.2021 08:54 | Сузана Николиќ

    Кандидатите за советници во Советот на Општина Куманово Реџеп Реџеповски од независната листа „За наше Куманово“ и Самет Салиевски од СДСМ, во полиција поднеле пријава за физички напад.

    Се степаa боксерите Реџеповски и Салиевски - кандидати за советници од листата на Димитриевски и на СДСМ

    Инцидентот се случил завчера околу 14 часот во кумановската населба Средорек. Тепачката прво ја пријавил Реџеповски, а потоа  стигнала пријава и од Салиевски. Од СВР Куманово велат дека работат на расчистување на случајот.

    „На 23.10.2021 година во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички  нападнат од С.С. и неговиот татко. Истиот ден во 14.17 часот С.С. пријавил дека бил физички нападнат од Р.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

    Реџеповски е освојувач на сребрениот медал од Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година, а Салиевски е исто така е бивш боксер со сериозна кариера, а двајцата се тренери во Боксерскиот клуб Куманово.

    И додека полицијата го истражува случајот кој ја започнал тепачката , од двата штаба излегоа на прес-конференции со меѓусебни обвинувања.  

    „На само една недела пред вториот круг од локалните избори, почнаа насилствата и физичките пресметки во Куманово само за да се добие глас плус повеќе. На 23.10.2021 година врз наш кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Реџеп Реџеповски е извршен физички напад од страна на советник на СДСМ Самет Салиевски и неговиот татко, во населба Средорек. Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи“, изјави Николај Павловски од независната листа советници, кој го повика министерот Оливер Спасовски да ги заштити нивните активисти од притисоци и закани.

    Прес-конференција одржа и советникот Салиевски, кој најави дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпаролот на Димитриевски.

    „Реџеповски без причина ме удри во главата, побарав лекарска помош, имам повреда и случајот го пријавив во полицијата. Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз нас”, кажа Салиевски, кој не сакаше да навлегува во деталите на насилството кое го извршиле врз него и апелираше надлежните институции да го расчистат случајот.

    Во Куманово пред вториот круг за избор на градоначалник се води жестока политичка кампања помеѓу поделеното членство на СДСМ. Некогашните партиски другари, а сега лути противници Максим Димитриевски и Оливер Илиевски, секојдневно се обвинуваат за притисок, заплашување и поткуп на гласачите. Димитриевски од завчера доби официјална поддршка за вториот круг од ВМРО-ДПМНЕ, што уште повеќе ги подигна тензиите и ја наеслектризира состојбата. 

    Во првиот криг Димитриевски и Илиевски добија по 15 илјади гласа и неизвесно е кој ќе ги убеди гласачите да ја води најголемата општина во државата во наредните 4 години.