Се степале пијан муштерија и газда на продавница
29.05.2020 18:03
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, вчера во 17.40 часот било пријавено дека во продавница на ул.„Гоце Делчев“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу сопственикот В.К.(51) од Куманово и Д.Ц.(44) од с.Младо Нагоричане, кумановско, кој бил во алкохолизирана состојба.

Според пријавеното, сведок на случувањето била вработената М.Ц. (39) од Куманово. Притоа, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.