Тепачка во Центарот за социјални работи во Куманово
10.11.2021 12:12
| Сузана Николиќ
Ј.И.(35) од Куманово, вчера напладне пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од Л.А.(22) од Куманово.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово.
На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.