Се степале за паркинг место, па со безбол палка му го скршил стаклото на колата
04.07.2020 14:13
| KumanovoNews
Двајца кумановци се скарале за паркинг место, по што еден од нив со безбол палка му го скршил задното стакло на автомобилот. Инцидентот се сличил завчера на бул. “Октомвриска Револуција“ во Куманово.

М.И.(63) пријавил во Кумановската полиција, дека на 02.07.2020 околу 14.30 часот на бул. “Октомвриска Револуција“ во Куманово по претходна расправија за паркирање со И.И.(34) од Куманово, физички бил нападнат од две непознати лица, кои го напуштиле местотот на настанот.
Потоа М.И. со дрвена безбол палка му го искршил задното стакло на возилото на еден од напаѓачите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.