×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се укинува полицискиот час, во четврток се отвораат терасите на рестораните и кафулињата

    26.05.2020 17:49 | KumanovoNews

     Од утре нема да има полициски час, а в четврток ќе почнат со работа терасите на кафулињата и рестораните, одлучи Владата на денешната седница.

    Се укинува полицискиот час, во четврток се отвораат терасите на рестораните и кафулињата

     „Од утре 27 мај целосно престанува одлуката за забраната и посебен режим на движење на територијата на целата држава. Од четврток 28 мај отпочнуваат со работа уготителските објекти, со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите коишто немаат тераси ќе се регулира во наредната фаза“, кажа премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конефернција.

    Од 1 јуни ќе престанат да важат одлуките за ослободувањата од работа и сите ќе треба да се врати на работните места. Оваа одлука нема да важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца до 10 години додека не се отворат градинките.

    „Задолжителниот државен карантин на македонските граѓани се заменува со домашна изолација, доколку лицата кои влегуваат во државата приложат негативен тест за коронавирус направен последните 72 часа пред да влезат во земјава. Од денеска сите лица кои се во државен карантин може да направат тест на свој трошок и доколку имаат негативен да одат во домашна изолација“, кажа Спасовски.

    Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести да направи проценка за отворање на границите и да направат протоколи за влез и излез од земјава и за работа на хотелите.