Се уште не е пронајден Стојадин Марковски, кој исчезна пред 11 дена

26.02.2021 - 13:43

Стојадин Марковски - Цоци (68) од населбата Карпош, кој исчезна пред 11 дена се уште не е пронајден. МВР денеска ја објави неговата слика за исчезнати лица на својот сајт.

Се уште не е пронајден Стојадин Марковски, кој исчезна пред 11 дена

 „Стојадин Марковски, роден 18.04.1953 година, исчезнат на 15.02. 2021 година во Куманово“,  стои во објавата на МВР.

Марковски исчезна минатата недела доцна навечер откако излегол да чисти снег пред куќата и повеќе не се вратил. Бидејќи не успеале да го најдат утредента случајот го пријавиле во полиција.

Стојадин живее со сопругата и нема блиски роднини, поради што негови пријатели побараа од Кумановоњус да помогне во негово пронаоѓање. Тие ги молат сите граѓани кои ќе го видат или знаат нешто во врска со него да пријават во полициската станица во Куманово. Бил облечен во црвена јакна, фамерки и бели патики.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk