Се враќа старото работно време на угостителските објекти
19.06.2020 19:39
| KumanovoNews
Владата на денешната седница донесе уредба за враќање на старото рабтотно време на угостителските објекти.

Донесена е одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
Угостителските објекти беа повторно отворени на 28 мај, со дозвола да работат само терасите до 22 часот, по посебен протокол.