×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се забранува групирање на повеќе од 4 лица на отворено и преку ден

    09.11.2020 20:08 | KumanovoNews

     Забраната за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор, односно во паркови, јавни површини или каде било на отворено веќе не важи само по 21 часот секој ден, туку и преку целиот ден, цела недела, месец, додека е на сила.

    Се забранува групирање на повеќе од 4 лица на отворено и преку ден

     Владата на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот ковид-19, но оваа е најважната, бидејќи бројките на новозаразении смртни случаи од коронавирус е превисока и не се намалува.

    „Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, соопшти Владата.

    Донесена е и одлука поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.  Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест ковид-19 за определен временски период, ќе отстапи одреден број санитетски возила.