Мени

Се забранува работа на отворено

23.08.2012 10:14 | KumanovoNews

 Од Министерството за труд и социјална политика повторно забрануваат работа на сонце во период од 12 до 17 часот.

Се забранува работа на отворено

На ваков чекор надлежните се решија бидејќи утре Македонија се наоѓа во портокалова фаза и се очекуваат високи температури. Вработените во јавниот и приватниот сектор треба да ја почитуваат забраната бидејќи во спротивно следуваат казни. Денеска забраната важи само за јужните делови на земјата.

Во наредните денови во Куманово температурите ќе се искачат до 39 Целзиусови степени. Заладување или намалување на температурите до 34 степени ќе следи во понеделник.