Едно лице загина во пожар во стовариште на кумановска фирма
10.11.2021 16:57
| Сузана Николиќ
Едно лице почина во пожар кој избувнал денеска попладне во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во населбата Средорек. Пожарот бил пријавен во 15 часот.

Според информации од Противпожарната единица во Куманово, човек се задушил од чадот додека се обидувал да го изгаси пожарот.
Од МВР најавија повеќе инфоремции откако ќе заврши истрагата.