Се заканил дека ќе ја убие бившата оти му раскинала
Кумановец ја киднапирал и претепал поранешната девојка, по што и се заканил дека ќе ја убие, за да ја убеди да му се врати.

Насилството се случили синоќа околу 19 часот, кога Ф.М. ја пресретнал Д.Ј.(21), и насилно ја внел во куќата на неговата баба. Таму почнал да се пресметува со неа по што извадил нож и се заканил дека ќе ја убие ако не се смират. Од здобиените удари на Д.Ј. и се слошило и паднала на подот, па Ф.М. и дозволил да излезе надвор. Таа го искористила неговото внимaние и избегала. Заминала на лекар каде и се констатирани телесни повреди. Лицето за кое постојат сомненија дека е можен сторител е приведен, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.