Се запали БМВ на автопатот кај Агино Село
26.11.2019 16:40
| KumanovoNews
На автопатот Скопје - Куманово, во близина на Агино Село, попладнево околу 16 часот се запалил автомобил БМВ со скопски регистерски таблички.

Според очевидци, поради пожарот во прекин бил сообраќајот на автопатот, па автомобилите кои се движеле кон Куманово користеле алтернативни патишта низ околните села.
Се слушнале и неколку експлозии.
Откако пристигнала противпожарната служба пожарот е изгаснат и сообраќајот околу 17 часот е нормализиран.
Се утврдуваат причините за пожарот.