Се запали куќа и оџак во Куманово
04.01.2021 09:43
| KumanovoNews
Противпожарната единица во текот на изминатото деноноќие интервенирала во два одвоени случаи, на запалена куќа и запален оџак во во Куманово.

Во првиот случај гаснеле опожарена семејна куќа на ул. Ратко Митровиќ. Пожарот бил пријавен во 12.30 часот, а локализиран во 15.50 часот. Опожарена е една соба во објектот. Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.
Втората интервенција била на опожарен оџак на семејна куќа на ул. 300 во нас. Ѓорче Петров во период од 17 до 17.40 часот. Интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари.