Се запалил подрум во зграда на „Тоде Думба“
07.03.2024 10:48
| KumanovoNews
Во пожар синоќа изгореле подрумски простории во зграда на ул. „Тоде Думба“ во Куманово.

Пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица во 21.38 часот, а гаснењето траело два часа.
„На ул.Тоде Думба од 21:38 до 23:35 часот интервенирано е со 1ППП возило и 5 пожарникари во гаснење на пожар во подрумот на зградата. Причината за пожарот како и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува“, велат од Регионалниот центар Куманово.