Се запали приколка од трактор, пожарот зафати и нива
01.07.2021 13:44
| KumanovoNews
Вчера во 11.30 часот било пријавено дека настанал пожар во приколка прикачена на трактор кој бил во движење во атар на село Никуљане кај м.в. “Шуме”, Општина Старо Нагоричане.

Пожарот зафатил нива во близина на патот.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица - Старо Нагоричане, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.