×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се запали слама во Љубодраг и куќа во „Перо Чичо“

    04.04.2021 08:22 | KumanovoNews

     Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, соопштуваат дека првата интервенција била на опожарени копи слама, складирана во напуштен облект на поранешен ЗИК Куманово РЕ Краварство во с. Љубодраг.

    Се запали слама во Љубодраг и куќа во „Перо Чичо“

    „Интервенирано од 7.10  до 9.35 часот, со 3 возила и 6 пожарникари. По два ипол часа пожарот е изгаснат. Причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува“, велат од пожарната единица.

    Втора интервенција била на опожарена семејна куќа во нас. „Перо Чичо“, во период од 12.30 до 13.05 часот. Интервенирале со 1 возило и 5 пожарникари, причина за пожарот – неисправна електрична инсталација.