Се запалил автомобил во движење на патот Табановце - Куманово
23.04.2025 10:48
| KumanovoNews
На локалниот пат Табановце - Куманово ноќеска во 01.55 часот настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во движење, управувано од Б.И. (44) од Куманово.

Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
„Во текот на ноќтта ТППЕ Куманово белеши една интервенција во с. Лојане на автопат кон Табановце на запален автомобил. Интервенцијата траеше од 01.50 до 02.30 часот. Учествуваа 1ПП возило и 4 пожарникари“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.