Се запали стан на „Октомвриска“, гореa бандери во „Тоде Мендол“
Се запалил стан на булеварот „Октомвриска револуција“, информираат од Противпожарната единица Куманово.

Пожарот настанал во 18 часот, а бил локализиран за 40 минути.
„ТППЕ Куманово интервенираше во периодот од 18.00 до 18.40 часот со едно ПП возило и 5 пожарникари, причината за пожарот и материјална штета не е позната“, соопштуваат надлежните.
Во текот на ноќта се запалиле две бандери во населбата Тоде Мендол.
„Во Диво Насеље интервенирано е на запалена бандера во периодот од 21.20 до 21.51 часот, а втората интервенција е од 22.37-22.51 часот исто така во Диво Насеље на улицата „Ибе Паликуќа“ на запалена друга бандера под напон“, соопштува РЦУК.