Мени

Се запалиле две трафостаници во Куманово

29.03.2022 07:26 | Сузана Николиќ

За помалку од 12 часа вчера се запалиле две трафостаници во Куманово. 

Се запалиле две трафостаници во Куманово

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица Куманово(ТПТЕ), првата интервенција била наутро, а втората во попладневните часови.

„Интервенирано е на ул. Пиринска бр.32 на запалена трафостаница во периодот од 06.20 - 07.15 часот и на ул. Киро Антевски во периодот од 17,15 - 17,40 часот“, информира ТПТЕ Куманово.

Причината за пожарот и матерјалната штета не се познати.