Сe затвораат граничните премини и аеродромот во Скопје
16.03.2020 21:12
| KumanovoNews
Македонија ги затвора сите гранични премини од вечерва и аеродромот Скопје од среда попладне, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
- Владата одлучи да се затворат сите гранични премини за странци освен за влез и транзит на товарни возила и за претставниците на дипломатскиот кор, како и за други лица за кои МВР ќе даде позитивно мислење. Се затвора и Меѓународниот аеродромот во Скопје, освен за државни воено карго-медицински хуманитарни и празни летови, по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука, кажа Филипче.
Во земјава до сега има регистрирано 23 лица заразени од коронавирус.

