Се збратимија Куманово и Нови Сад
11.11.2019 08:09
| KumanovoNews
Градоначалниците на Куманово и Нови Сад, Максим Димитриевски и Милош Вучевиќ, потпишаа договор за збратимување на двете општини.

„Договор за збратимување помеѓу Куманово и Нови Сад, е заради успешна соработка во различни сфери од општествениот живот на двете општини, - информираат од Општина Куманово.
Свечениот чин на потпишување на Договорот за збратимување, се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово, во присуство на претставниците од двата градови.