Седма жртва од експлозијата во Романовце
05.03.2020 09:46
| KumanovoNews
Утрово почина уште едно лице кое се задоби со тешки повреди, при екплозијата на плинска боца во село Романовце.

Ова е седма жртва од експлозијата.
На самото место на несреќата, којашто се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а на здобиените повреди им подлегнаа и 36-годишна жена и 63-годишна жена. Со тешки повреди е уште еден член од семејството, а на лекување се и десетгодишно дете и бремена жена.