×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на Совет на Општина Куманово, 26 точки на дневен ред

    06.02.2024 10:38 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 26 точки, а меѓу другите ќе се разгледува финансиско работење и согласност за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во јавни прeтпријатија, дополнување на програмата за развој, измени и дополнувања на Буџетот за 2024 година  и др.

    Седница на Совет на Општина Куманово, 26 точки на дневен ред

    Дневен ред

    1.    Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
    2.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.10.2023 – 31.12.2023 година;
    3.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2023 година;
    4.    Извештај за реализација на Годишна програма за работа на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2023 година;
    5.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2024 година;
    6.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2024 година;
    7.    Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за вработување на 7 (седум) работници на определено време по пат на јавен оглас;
    8.    Извештај за стекнати и распределени средства во 2023 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
    9.    Извештај за реализирани активности во 2023 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
    10.    Предлог - Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2024 година;
    11.    Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2024 година;
    12.    Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2024 година;
    13.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2024 година;
    14.    Предлог – Одлука за доделување на основна главнина на Јавно претпријатие „Водовод“ - Куманово;
    15.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2023 година;
    16.    Буџетски календар;
    17.    Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
    18.    Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули – декември 2023 година;
    19.    Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
    20.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
    21.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;
    22.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;
    23.    Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
    24.    Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад “ЕКО ИСТОК - СЕВЕРОИСТОК” Свети Николе;
    25.    Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
    26.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за именување на членови на Општински совет за социјална заштита на Општина Куманово.