Петнаесет точки на дневен ред утре пред советниците
Советот на Општина Куманово утре, среда, ќе одржи редовна седница со 15 точки на дневен ред. Пред советниците ќе се најдат годишни и квартални извештаи за работа и финансиски извешати на неколку јавни претпријатија, дополнување на програмата за развој на општината, пренасочување на средства од буџетската сметка, предлог за нови вработувања и др.

Дневен ред:
1. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“- Куманово од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
3. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период јануари – март 2023 година;
4. Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 7 (седум) извршители во ЈП „Пазаришта“ – Куманово преку Агенција за привремени вработувања;
5. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за давање во закуп на комунална опрема – шанк;
7. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на североисточниот плански регион (СИПР) 2021 – 2026., за 2022 година;
8. Извештај за работење на Центарот за развој на североисточниот плански регион за 2022 година со финансов извештај;
9. Предлог – Измена и дополнување на Планот на Програми за развој на општина Куманово за 2023 година;
10. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на улица „Страшко Симонов” и приклучни улици во општина Куманово;
11. Предлог – Одлука за давање на согласност и овластување на градоначалникот на општина Куманово за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на општина Куманово;
12. Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за I квартал од 2023 година;
13. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на буџетот на општина Куманово за 2023 година;
14. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на општина Куманово за 2023 година;
15. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.