Седницата на Советот прекината поради немање кворум, продолжува утре
07.07.2022 15:19
| Жаклина Цветковска
Седницата на Советот на општина Куманово денеска беше прекината на самиот почеток пред усвојувањето на Дневниoт ред поради немање кворум.

При дискусијата за усвојување на дополнителните точки што ги предложија советниците и општинската администрација беше побарана пауза, а седницата не можеше да продолжи затоа што во салата беа присутни само 16 советници.
Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска ја презакажа седницата за утре (8-ми јули), со почеток во 10 часот.