×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум добитници на Ноемвриска награда

    06.11.2014 09:56 | KumanovoNews

    Комисија за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации, додели седум Ноемвриски награди.

    Седум добитници на Ноемвриска награда

    Како поединци, највисокото градско признание го добија: Славица Крстиќ од Музејот Куманово, др. Нуриjе Алији од приватна гинеколошка ординација и Ѓорѓи Спасовски од Катастар. Во категоријата правни лица наградени се поликлиниката “Доктор Ѓоше“, мото клуб “Мечки“, ОУ “Кочо Рацин“ и Македонски шуми подружница Куманово.

    На јубилејот, 70 години од слободно Куманово, одлучивме симболично да доделиме 7 награди. Сите наградени досега дале свој придинес за развој на градот и се надевам дека и понатаму ќе го промовираат Куманово во државата и надвор од неа. Останатите кандидати не значи дека не се квалитетни, туку едноставно не можеме сите да ги наградиме“ - вели Снежана Захариева, претседател на комисијата.

     На добитниците наградите ќе им бидат врачени на свечената академија по повод Денот на градот.

     Останатите предложени кандидати беа: Друштвото на писатели Куманово, Бобан Богатиновски, Кумановски тамбураши и Нино Величковски, Севдаил Демири, Драган Илијевски, Реџеп Амети, Југослав Спасиќ, Мирослав Петровиќ и Ваит Саити.

                                      (фото: Доделување на наградите во 2012 година)