×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум лица се затруле од ракија

    17.11.2010 17:09 | KumanovoNews

     Седум мажи од Куманово завршиле во болница, откако пиеле ракија што се продавала на Зелениот пазар. Ненад Д.(32), Марјан И.(39), Јадран Ѓ.(39), Миле А.(48), Весе Ц.(62), Столико Д.(56) и Будимир Т.(54), поради труење со алкохол се задржани на лекување и по укажаната помош вчера се пуштени дома.

    Седум лица се затруле од ракија

     Труењето со ракија се случило вчера попладне во два одвоени случаи на новиот пазар на булеварот „Октомвриска револуција„.Првата група, четворица другари купиле половина литар ракија од тезгата, и заминале во стан кај спортската сала да се дружат. Само што испиле по една чашка, почнало да им се слошува и да повраќаат. Сами повикале брза помош и биле пренесени на Интерното одделение. Кратко по нив во болницата пристигнале и повозрасните Весе, Стоилко и Будимир, кои се жалеле на исти симптоми, и кажале дека се напиле ракија на пазарот. Тројцат пријатели се шетале по убавото време и свратиле кај сестрата на Веле која ја продавала ракијата. За да го почасти братот и неговите другари, таа им сипала по една чаша ракија.Тие само што пивнале од ракијата, почнале да се жалат на болки во стомакот. Веднаш повикале такси и биле пренесени во болница.

    Ваков случај досега во мојата 25 годишна кариера сеуште не сум имал.Пациентите беа донесени во многу лоша здравствена состојба со класични симптоми на труење. Еден од пациентите е нарко зависник, кој прима метадонска терапија и се наоѓаше во специфична состојба. Пристапивме кон детоксикација и соодветна терапија, по што состојбата им се поправи, но ги оставивме на 24 часовна опсервација. Денеска сите се  пуштини дома. Најверојатно се работи за труење со метил алкохол, бидејќи ние ги третиравме со таква терапија која даде резултати, но вештачењето ќе покаже дали имало и други отровни супстанци - вели доктор Миле Паскалов,од Интерното одделение, кој ги примил пациентите.

    Полицијата во соработка со Дирекцијата за заштита на храна и Државниот пазарен инспекторат извршила увид на лице место и привела две лица, сопственикот на тезгата и човекот од кого ја набавувал ракијата. Извршен е претрес во нивните домови каде се пронајдени се над 85 литри ракија. Поради утврдување на потеклото на ракијата, полицијата не дава повеќе детали во интерес на истрагата, бидејќи постои можност за поврзаност на други лица во производството и продажбата на алкохол.

    Против нив ќе биде поднесено кривично дело за производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени продукти.На пазарот во Куманово, ракијата се продава за од 100 до 150 денари, по литар, а може да се купи и на чашка или чоканче за оние кои немаат доволно пари за повеќе.

    Тезгата на која се продавала ракијата денеска не работеше и беше прекриена со церада. Другите продавачи не сакаа ништо да кажат за своите колеги, освен дека била полицијата и земала примероци од ракијата што се продавала.