×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово

    02.05.2020 12:42 | KumanovoNews

     Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус се од Куманово.

    Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.

    Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.

    Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

    Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.