×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум новозаболени и седум оздравени од коронавирус во Куманово

    24.07.2020 12:54 | KumanovoNews

    Нови 7 случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Седум новозаболени и седум оздравени од коронавирус во Куманово

    Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во земјава. По градови: Скопје 45, Куманово 7, Штип 25, Прилеп 4, Тетово 9, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 9, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3 и Кичево 6.

    Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје 60, Куманово 7, Штип 16, Прилеп 1, Тетово 12, Велес 4, Кавадарци 2, Гостивар 6 и Виница 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 92 550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.