Седум новозаболени од коронавирус во Куманово
Седум нови случаи заразени со коронавирус се регистрирани во Куманово, со тоа вкупниот број се искачи на 128.

Од Министерството за здравство потврдија дека вчера починале двајца пациенти од Куманово, едниот на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, на 52-годишна возраст и другиот пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.
Уште тројца пациенти заболени од коронавирус од: Лабуништа-Струга (65г), Челопек – Тетово (62г) и Штип (81г), починале на клиниката во Скопје.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 254
Куманово - 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17
Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.