×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седумдесет стечајци од Куманово ќе добиваат надомест од државата

    11.04.2014 12:09 | KumanovoNews

    Седумдесет кумановски стечајци ќе добиваат паричен надомсет од 7100 денари од државата до повторно вработување или пензионрање.

    Седумдесет стечајци од Куманово ќе добиваат надомест од државата

    Денеска во Центарот за вработување Куманово им беа доделени решенијата, а во првата група опфатени се стечајци од Тутунски комбинат, Светлина ЕЛЕМ, МРТ наплатен центар Куманово, Македонски железници, Водостопанство во стечај и Злетово рудници.

    Дојдовме до бројка од 70 - тина луѓе кои според Законот за стечајни работници отишле од своите работни места не по нивна вина, а ќе го остваруваат овој надомест до пензионирање или повторно вработување. Надоместот е 34 отсто од платата или 7100 денари. Ова е првата група која е обработена и ова е првата група во Македонија на која се доделени овие решенија - изјави Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Тој објасни дека услов кој треба да се исполнува за добивање на надоместот е 25 години работен стаж, а другите поднесени барања понатаму ќе се обработуваат со што ќе се знае кој се исполнува услови за надомест.

     Голема благодарност до оние луѓе кои го донесоа овој закон, што го изгласаа за да ние денеска бидеме среќни и да имаме нешто во рака после неколку години без работа и плата. Работев во Тутунски комбинат и од 2006 година сум без работа - вели Ружица Јакимовска, стечајка.

    На доделувањето на решенијата присуствуваше и кандидатот за пратеник од ВМРО - ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

     Направивме притисок да се забрзаат работите околу доделување на платениот надоместок за сите оние стечајци кои влегуваа во сфера на законот што се донесе за стечајците. Тука сме да видиме дали има уште некои проблеми кои ние како претставници на ВМРО - ДПМНЕ ќе ги пренесеме до релевантните институции за да проблемот и на другите кој не е решен да биде решен - рече Ѓорѓиевски.

    Стечајци кои денеска добија решенија беа задоволни што конечно се решава нивниот статус.