Седуммината тестирани се негативни на коронавирус
15.03.2020 16:51
| KumanovoNews
Министерството за здравство информира дека резултатите на седумтемина пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус , а на едно лице тестот ќе се повтори.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку Центарот за јавно здравје од Штип.
Пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот ќе се повтори.
Во земјава има 18 лица заразени од коронавирус, од кои 13 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а петмина се во болницата во Дебар.