Мени

Шеесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

21.09.2021 07:26 | Сузана Николиќ

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се шест точки, а ќе се расправа за финсиски извештаи, извештаи за работа, годишен план за вработување, формирање на младиснки совет и доделување на финсиска помош на семејствата на починатите во ковид-болницата во Тетотво.

Шеесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за давање на финансиска помош од Буџетот на Општина Куманово на семејствата на починатите во трагичниот пожар во мобилната Ковид болница во Тетово;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2021 – 30.06.2021 година;

3. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

4. Годишен извештај за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ - Куманово за учебната 2020-2021 година;

5. Годишна програма за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ - Куманово 2021-2022 година;

6. Предлог – Одлука за основање на младински центар во Oпштина Куманово.

Седницата ќе се одржи во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот.