29. 06. 2020 14:31

Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП во посета на Куманово

Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП во посета на Куманово

 Организацискиот секретар на НСДП и шеф на Централниот изборен штаб, Кристијан Трајковски, вчера  одржа работен состанок со членовите на општинскиот изборен штаб на партијата во Куманово.

На состанокот се разговарало за оперативни прашања поврзани со активностите на партиските структури на НСДП во предизборните активности на коалицијата „Можеме“.

Од страна на претставниците на општинската организација во Куманово, беше истакнато дека целокупното членство на НСДП е мобилизирано и вклучено во сите предизборни активности кои се спроведуваат во рамки на коалицијата „Можеме“.

Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП, Трајковски по средбата со претставниците на општинската организација се приклучи на централниот караван на коалицијата „Можеме“, кој на средба со граѓаните ги претстави коалициските програмски определби и дел од кандидатите за пратеници во втората изборна единица.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk