×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сигнализацијата на железничката пруга Куманово- Романовце ќе биде исклучена до 27 мај

    07.05.2024 10:57 | Оливера Пешевска

    Сигурносната сигнализација на патните премини на железничката пруга Куманово - Романовце ќе биде исклучена од 7 до 27 мај, поради поставување на бројачи на семафорите. 

    Сигнализацијата на железничката пруга Куманово- Романовце ќе биде исклучена до 27 мај

    Нема да работи на патните премини во селото Превој, во селото Липково и Романовци-Брзак.

    „Ги известуваме граѓаните дека поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки, односно монтажа на бројачи на осовини, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Куманово – Романовци  ќе биде исклучен од редовна  работа  во период од 07 мај до 27 мај 2024 година. Сообраќајот на горенаведените патни премини ќе се одвива во согласност со постоечките сообраќајни правила и прописи во случај кога патните премини не работат“, соопштуваат од Мкедонски железници- Инфраструктура.