Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наградата „Васил Иљоски“, која од оваа година ќе се доделува на фестивалот Денови на комедија на актери кои дале особен придонес во културата и актерската игра, годинава ја доби актерката Шенка Колозова.
- Ми е многу мило што некој се сетил, мило ми е што се работи за Куманово, што е на еден фестивал на комедија. Мило ми е што најубавите години, младоста ја поминав во Куманово, многу претстави изиграв во театарот, мило ми е убаво ми е, го сакам Куманово, - истакна Колозова.
Таа прими и постхумна награда за исклучителни достигувања во областа на театарот, за нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Колозов.