×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сензорна соба за современ третман на деца со посебни потреби доби Основното училиште „Браќа Миладиновци“

    23.07.2020 09:21 | KumanovoNews

    Соба за сензорна интеграција и современ третман на деца со пречки во развој доби Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

    Сензорна соба за современ третман на деца со посебни потреби доби Основното училиште „Браќа Миладиновци“

    Сензорната соба е составена од две простории, во кои се наоѓа модерна опрема според европските протоколи и стандарди, каде ќе се врши комплетна физичка, аудитивна и визуелна стимулација за развој на овие деца.

    „Целата постапка ја инициравме јас и мојата колешка Наташа Ѓорѓевиќ, кои сме дефектолози во училиштето. Сакавме да им помогнеме на нашите ученици во нивниот понатамошен развој, па таа идеја на крај ја имплементиравме на овој начин. Сензорната соба подразбира сензорни ефекти, сензорна стимулација за деца со пречки во развојот, за деца со аутизам, церебрална парализа, даунов синдром и останати невролошки нарушувања. Со секое дете ќе се работи индивидуално а за третманот на работа ние ќе посетиме и дополнителна обука“, вели дефектологот Тино Шаботиќ.

     Првата просторија е звучно и визуелно изолирана за потребите на учениците, а составена е од сензорна туба, сензорни влакна и сензорни ефекти. Во втората просторија ќе бидат поставени реквизити кои ќе помогнат за физичка активност и физичка стимулација на децата.

    „Очекуваните ефекти од оваа соба се интеграција, стимулација и смирување на децата. Доколку детето е хиперактивно, аутистично, ефектот на оваа соба ќе биде детето да се смири, да биде стимулирано со оваа соба, така што потоа ќе може лесно да ги помине часовите коишто се предвидени тој ден на училиште“, додава дефектологот Наташа Ѓорѓевиќ.

    Средствата за реновирање на просторијата и набавка на реквизитите се обезбедени од приватни донатори, се одржа хуманитарен концерт, аукција на слики, а свој придонес дадоа и приватни лица и уметници. Во училиштето настава посетуваат околу пеесетина деца со пречки во развојот.

    (Ф.Марковска)