×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шеснаесетгодишник удрил пешак со мотор

    09.07.2017 12:51 | KumanovoNews

    Вчера попладне околу 14 часот во Куманово на крстосницата од ул. „Никола Тесла“ со ул. „Доне Божинов“, се случила сообраќајна незгода, во која мопед „Априлија“ управуван од 16 годишно лице од Виена – Р.Австрија, удрил во пешакот З.А.(18) од Куманово.

    Шеснаесетгодишник удрил пешак со мотор

    По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, З.А. била пренесена во Ургентен центар Куманово за укажување медицинска помош, каде што и била констатирана телесна повреда. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица за Безбедност на патниот сообраќај Куманово.

    По наредба на Јавен обвинител, патната исправа на 16 годишното лице е привремено одземена. За незгодата биле известени инспектор за малолетници, како и инспектор за странци од СВР Куманово.