Шест лица повредени при експлозија на плинска боца во викендичка во Матејче
Шест лица се потешко повредени од експлозија на плинската боца во викендица во селото Матејче во општина Липково.

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) ноќеска во 21.44 часот во Полициската станица во Матејче било пријавено дека експлодирала плинска боца во викендица во Матејче.
„Повредени се 6 лица кои се пренесени во Скопје на понатамошно лекување и се вон животна опасност. Денеска дополнително ќе се утврдува причината и матрејалната штета“, - соопштуваат од РЦУК.
Се работи за лица од 30 до 40 години. Повредените биле пренесени во Кумановската болница, а потоа испратени во Клиничкиот центар и во Градската болница во Скопје.