Шест прекршувања на полицискиот час во Куманово
06.04.2020 09:16
| KumanovoNews
Изминатото деноноќие во Куманово шест лица го прекршиле полицискиот час, тројца од нив се приведени.

Според СВР Куманово, во периодот од 07.00 часот на 05.04. до 07.00 часот на 06.04.2020 година на подрачјето на Куманово регистрирани се шест прекршувања на мерката забрана за движење. Преземени се мерки и активности, при што за три лица се земени податоци, а три лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок.