Мени

Шестмина граѓани казнети поради не носење на заштитна маска

09.07.2020 09:50 | KumanovoNews

Во последните 24 часа, регистрирани се 6 прекршувања на уредбата за носење на заштитна маска, заради заштита од коронавирус.

Шестмина граѓани казнети поради не носење на заштитна маска

„Во текот на изминатото деноноќие во СВР Куманово регистрирани се 6 прекршоци за не носење на заштитна маска, поради вирусот ковид-19. Тука спаѓаат и општините Старо Нагоричане и Липково,“ вели Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Од секторот велат дека забележливо е подобрување во однос на изминатиот месец. Граѓаните се повеќе носат заштитни маски и ги почитуваат протоколите.

(Д.Д)