Шестмина кумановци и двајца паланчани го прекршиле полицискиот час
Шестмина жители на Куманово и двајца на Крива паланка, приведени се во полицијата затоа што го прекршиле продолжениот полицискиот час.

- На подрачјето на СВР Куманово во текот на викендот односно од 10 до 13.04.2020 година од слобода се лишени 8 лица. 6 во Куманово и 2 во Крива Паланка, кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани и против истите ќе биде поднесено соодветен поднесок, - соопштуваат од Кумановската полиција.
На целата територија на државата забраната за движење во изминатото деноноќие не ја почитувале 172 лица
Од нив, приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.