Шестмина новозаболени од коронавирус во Липково, соопшти Општината
29.05.2020 11:22
| KumanovoNews
Во Липково денеска се регистрирани шест нови случаи позитивни на коронавирус.

Од Општина Липково преку Фејсбук, апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи бројот на заразени секојдневно расте.
„Од шесте случаи денеска во кумановскиот регион, сите шест се од нашата општина – Липково“, велат од Општината.
Затоа, уште еднаш ве замолуваме најискрено да ги почитувате препораките, како избегнување на собири на плоштадите, пред разни објекти и други јавни површини, одржување физичка дистанца од минимум 2 метра и користење заштитни маски и ракавици или често миење на рацете.