Силниот ветер остави без струја повеќе населби и села
27.02.2020 08:36
| KumanovoNews
Од силниот ветер ноќеска без струја останаа повеќе села во кумановско-липковскиот регион.

Како што соопштуваат во ЕВН, прекин во снабдувањето со електирична енергија имаат потрошувачите во Романовце, Агино Село, Брзак, Никола Тесла, Режановце, Костурник, Речица, Краварник, Кратовци, Опае, Слупчане, Оризари, Алешевце, Липково, Отља, Лопате, Младо Нагоричани, Мајорово Трло, Тромеѓа и Пуковско.