Силувана старица во Никуљане
Осумдесет и осум годишна жена е силувана во својот дом во кумановското село Никуљане.

Нападот се случил на 28 август, на празникот Голема Богодорица, кога околу 16 часот, четири непознати лица дошле во куќата на старицата. Еден од нив, во два наврати извршил насилно полово дејствие над жената.
А.З.(22) од Куманово откако забележал дека старицата е сама, влегол во куќата и со употреба на сила и закани, насилно извршил обљуба над жената.
Случајот во полиција наредниот ден го пријавил нејзиниот зет.
По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и лишиле од слобода овие четири лица.
По консултација со Јавен обвинител, против лицето А.З. од Куманово ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување.