Син убил татко во Куманово
12.01.2023 16:35
| Сузана Николиќ
Кумановец со нож го нападнал својот татко, кој им подлегнал на повредите. Убиството се случило денеска околу 15 часот.

„Полициски службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.