Склучени скоро 700 бракови во Куманово
15.06.2015 10:04
| KumanovoNews
Во текот на 2014 година во Куманово се склучени 669 бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во општина Липково имало 222 склучени бракови, во Старо Нагоричане 30, во Крива Паланка 103, во Кратово 53 и во Ранковце 26 бракови. Во 2014 година споредбено со 2013 година на ниво на држава, бројот на склучени бракови е намален за 1.2 отсто.