Скопјанка крадела во кумановска продавница, полицијата ја привела
04.02.2023 11:45
| KumanovoNews
Жена од Скопје синоќа била фатена додека краде во продавница на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово.

Кражбата се случила околу 19.20 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 49- годишна скопјанка.
„Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект на бул.„Октомвриска револуција“, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а таа била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.