×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скринингот откри заразен од КОВИД-19 во градинка во Липково

    29.05.2020 13:19 | KumanovoNews

     Лице вработено како технички персонал во градинка во Липково е позитивно на коронавирус, покажал скринингот на вработените во градинките во Североисточниот регион.

    Скринингот откри заразен од КОВИД-19 во градинка во Липково

    Според информации од Центарот за јавно здравје во Куманово, тоа е единствен случај од вкупно 314 лица на кои им е направено тестирање минатата недела.

     „Направени се тестови на сите вработени во градинките во четири општини. Во Куманово се тестирани 235 лица, во Липково 13, Крива Паланка 50 и Кратово 30. Од вкупниот број има едно заболено лице во Липково“, вели од Центарот.

    Во кумановско денеска се регистрирани шестмина новозаболени, сите од Општина Липково.

    До сега во кумановскиот регион има заразени 448 лица од коронавирус, од кои 42 се активни и 21 починат.